Стотици пожарникари се борат со шумски пожари во шпанскиот регион Каталонија, откако температурите низ Европа се искачија над 40 степени.
Властите велат дека вакви пожари не се забележани во последните 20 години и брзо се шират.
Шпанија, Франција и Италија се соочуваат со екстремна топлина. Во средата во Германија, Чешка и во Полска беа измерени рекордни температури кога било измерени во јуни.
Метеоролозите велат дека причина за високите температури е топлиот воздух од северна Африка.
Најмалку 10.000 хектари се зафатени од пожарите во Каталонија, на 80 километри од крајбрежниот град Тарагона. Властите изјавија дека има опасност пожарот да се зголеми на 20 000 хектари. Триесет лица се евакуирани.
Регионалниот министер за внатрешни работи, рекол дека пожарот е предизвикан од “акумулација на ѓубриво во фарма кое генерира доволно топлина за да експлодира “.




