Published: Tuesday, November 25, 2014 15:43
Шпанската полицијата уапсила четворица свештеници од Гранада поради сомнеж дека сексуално злоставувале деца.
Полицијата започнала да ги истражува можните случаи на педофилија, во кои се вмешани свештеници откако една наводна жртва неодамна му напишала писмо на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, пренесе „Асошиејтед прес“.
Според светските медиуми Папата ја контактирал жртвата преку телефон, но портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди ги нема потврдено информациите.
Тој наведе дека политиката на Ватикан е да не ги коментира личните и пасторални иницијативи на папата.




