Published: Friday, September 9, 2016 14:26
Најмалку четири лица загинаа, а 47 се повредени кога воз излетал од шини во северниот дел на Шпанија.
Несреќата се случила утрово во 9.30 часот по локално време во Порин, на околу 450 километри северозападно од Мадрид, соопштија властите на Галиција.
Во возот имало 65 луѓе, од кои 63 патници.
Првиот вагон целосно излегол од шините, додека другите два само делумно.
Пред три години во Шпанија се случи најтешката железничка несреќа во која загинаа 79 луѓе, а 144 беа повредени.




