Шпанската принцеза Кристина и нејзиниот сопруг денеска се појавија пред суд, што е за првпат од повторното воспоставување на монархијата во 1975 година да му се суди на член на шпанското кралско семејство.
Принцезата Кристина е обвинета за затајување данок, бидејќи наводно не пријавила данок на лични трошоци, кои ги платила компанија за тргување со недвижности во нејзина и во сопственост на нејзиниот сопруг.
Доколу биде прогласена за виновна, на принцезата и се заканува максимална казна од 8 години затвор.
Заедно со принцезата, на обвинителна клупа седнуваат уште 17 обвинети, меѓу кои нејзиниот сопруг Ињаки Урдангарин, инаку бивш ракометар и деловен човек.
Тој се соочува со тешки обвиненија дека ја користел титулата Војвода од Палма за да проневери 6 милиони евра, средства од јавните фондови, преку неговата непрофитна организација „Нос Институт“.




