Published: Wednesday, February 11, 2015 18:19
Шпанскиот крал Филип VI ја намали својата плата за 20 отсто за оваа година, како би го исполнил ветувањето за скромна монархија.
Во соопштението од кралската палата изјавуваат дека буџетот на кралското семејство за 2015 година ќе изнесува 234.204 евра, пет пати помалку од владеењето на неговиот претходник, Хуан Карлос.
Хуан Карлос Алфонсо од Бурбон, кој ја задржа почесната титула крал, ќе добива плата од 187.356 евра.
Буџетот на кралското семејство е замрзнуван или намалуван од 2009 година поради економската криза во Шпанија. И во 2015 година кралскиот буџет ќе остане непроменет, со сума од 7.8 милиони евра.




