Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанскиот поет и лауреат на СВП Хусто Хорхе Падрон почина од ковид-19

0
By Нова ТВ on April 12, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 12, 2021 19:39

Шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон, лауреат на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 1990 година, почина денес на 77 години во болница во Мадрид по компликации од Ковид-19. Веста на Фејсбук ја соопшти неговата сопруга која е Македонка, преведувачката и поетеса Клеопатра Филипова. Падрон и сопругата беа едни од најредовните гости на Струшките вечери.

„Готово е, ја изгубив љубовта на мојот живот, мојот еден и единствен сопруг, мојот животен партнер. После 35 години, 24 часа на ден заедно, проклетиот ковид нѐ раздели засекогаш. Но, ти ветувам љубов моја, дека секогаш ќе се борам да ги бранам твоите соништа, да ја ширам твојата прекрасна поезија која усреќи толку многу читатели низ целиот свет“, стои меѓу другото во емотивната објава на неговата сопруга Филипова.

Хусто Хорхе Падрон е роден 1943 година во Лас Палмас де Гран Канарија, на Канарските острови, во Шпанија. Беше генерален секретар на Шпанскиот ПЕН клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќејазично списание за поезија „Екиваленсијас“ од 1982 до 1994 година и директор на Меѓународниот фестивал за поезија во Лас Палмас де Гран Канарија од 1992 до 2002 година.

Неговата поезија е преведена на четириесет и четири јазици, а објавени му се стотина книги на странски јазици. Добитник е на триесетина меѓународни награди и признанија меѓу кои : Меѓународната награда на Шведската академија, наградата Меѓународен Бард на Меѓународното здружението на современи поети, Мелбурн, Австралија и Златниот медал на кинеската култура, како и двоен добитник на наградата „Нова Македонија” за најдобра песна на СВП, во  1989 и 2002.

Падрон напиша песна за Конески, насловена „Чествување на Блаже Конески“, беше и голем пријател на Македонија и на земјата и ја посвети песната „Шестиот ден/Почит кон Македонија“, која завршува со стиховите:

„И Господ помисли дека случајот понекогаш го довршува
тоа што ѝ недостига на неговата уметност и викна:
Во тебе Охрид и Струга би сакал да се преобратам!“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.