Published: Thursday, December 17, 2015 09:39
Шпанскиот премиер Мариано Рахој доби тупаница в лице за време на предизборниот настап во Понтеверде.
Како што објавуваат шпанските медиуми, напаѓачот полека се приближил во Рахој наводно за да го фотографира, по што го удрил со тупаница.
60- годишниот Рахој не е сериозно повреден, а 17- годишното момче, за кое полицијата тврди дека е припадник на локалните хулигански банди, изјавил дека е „горд што го направил тоа“.




