Шпанците веќе една недела се затворени во домовите и се среќни ако имаат домашно милениче што можат да го прошетаат, а оние што немаат, се во очај да фатат свеж воздух, и оттука стануваат покреативни, објавува Ројтерс.
На околу 47 милиони жители им е дозволено на кратко да излезат надвор за да му дозволат на кучето да го прошетаат, како што им е дозволен излез во итни случаи. Како и да е, полицијата мораше да ги казни луѓето затоа што со нив има животни со кои не одат во нормални времиња. Некои биле испратени дома откако биле фатени како шетале со кози, свињи, канаринци, па дури и играчки- кадифени кучиња.
„Не обидувајте се да не излажете затоа што ќе бидете казнети“, соопшти полицискиот сојуз Јупол преку Твитер, кога еден човек беше пронајден како влече играчка- кадифено бело куче. Полицијата во Каталонија исто така мораше да реагира.
„Ниту канаринците, ниту свињите од Виетнам, ниту козите- ова што го видовме во Палафругеj не може да биде изговор да се напушти куќата и да се прекрши забраната. Ве молам, останете дома!“, напиша каталонската полиција на Твитер.
Палафруџел е град со околу 22,000 жители во близина на градот Џирона.




