Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпигел: По 100 години лидерство на САД, дојде времето на Европа

0
By Нова ТВ on November 16, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 16, 2016 09:58

САД 100 години го предводеа слободниот свет, а по победата на Доналд Трамп, Америка доброволно се одрече од таа улога, пишува денеска германскиот весник Шпигел, оценувајќи дека е време Европа и Ангела Меркел да ја пополнат таа празнина.

– Во јануари, кога Доналд Трамп ќе ја положи заклетвата како 45.американски претседател, американската ера ќе ја прослави „стогодишнината, но истовремено тоа ќе биде и нејзин погреб“, пишува весникот.

Шпигел констатира дека Америка долго време била ориентир за Запад, но ако Трампо владее онака како што ветил во текот на кампањата, земјата доброволно ќе се одрече од својата улога на лидер на слободниот свет, а тогаш доаѓа редот на Европа.

– Континентот треба да даде отпор на популизмот, со мудра комбинација на сериозно прифаќање на стравувањата и соочување со гневот, а притоа да не се ограничува слободата.

Крајно време е Европа да почне да придава значење на ЕУ, а шокот од победата на Трамп би можел да придонесе тоа конечно и да се случи, пишува Шпигел во текстот.

За жал, се наведува во текстот, Европа е во најлоша состојба во изминативе неколку децении. Британците ја напуштаат ЕУ, делумно од страв од слобода на останатите да се населат во Британија. Многу влади ги истакнуваат прашањата по кои постои поделба, а не оние кои ги зближуваат. Европските држави се оддалечуваат, констатра Шпигел.

– Што ќе се случи со Западот, со Европа и Германија, без САД како водечка сила? Германија е чедо на Западот, посебно на САД, особено благодарение на добродушноста на Ааерика, а сега е во состојба на длабок шок. Американскиот претседател секогаш истовремено бил и наш претседател, барем во извесна ссмисла, а Барак Обама беше достоен претседател на Западот. Сега ќе мора да се снајдеме без западно водство, пишува Шпигел.

Во текот на стогодишната заштитиничка и раководна сила на Западот, нејзините сојузници водеа релативно лагоден живот, можеа себе си да си дозволат луксуз без ентузијазам да ја следат европската идеја затоа што тука беа Американците.

Германскиот весник додава дека сега Европа веројатно ќе мора сама да се грижи за сопствената безбедност и тоа во време кога во нејзиното соседство се Владимир Путин, Реџп Таип Ердоган и Исламската држава.

– Западните лидери без Америка се соочени со монументални задачи. Германската канцеларка Ангела Меркел е претставничка на јака држава и има силни морални темели што ги покажа за време на бегалската криза. Таа не мора да биде Вудро Вилсон, но би требало да стане одлучен водач на Европа. Ако не биде тоа, тоа ќе значи дека не ги препознала знаците на времето, заклучува Шпигел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.