Според германскиот шеф на дипломатијата, Франк-Валтер Штајнмаер, десничарските популисти низ светот се обединети во тоа што својата политика ја базираат на стравот, па така во неговиот осврт се вклопува и кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп.
Штајнмаер вели Трамп “проповеда омраза“ и си поигрува со стравот на луѓето.
Истото го мисли и за националистите во Германија, „Алтернатива за Германија“, на промоторите на кампањата Брегзит како и на француското екстремно десничарско крило.