Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штама пред и во седиштето на ВМРО ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on October 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во споредба со првиот круг од локалните избори, кога имаше каква- таква раздвиженост, пред и во седиштето на ВМРО ДПМНЕ вечерва, по затворањето на гласачките места од вториот круг од гласањето, иако е се уште рано, владее штама.

Надвор нема буквално никој – ниту граѓани, ниту активисти, ниту некој од функцинерите. Дури и големиот видео бим на кој досега одеше програмата на телевизијата на Сеад Кочан ТВ Нова е исклучен.

Внатре се само новинарските екипи кои чекаат да се појави некој од партиските претставници. На прашањето на НОВАТВ кога се очекува прес конференција, од прес центарот на ВМРО ДПМНЕ изјавија дека не се знае.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски претходно денеска по гласањето обвини за, како што рече, недемократска атмосфера и системски закани и уцени врз граѓаните.

– Демократската атмосфера, за жал, во овој период не можеме да ја видиме. Колку што имаше нерегуларности во првиот круг на гласањето, тие уште повеќе се зајакнаа во вториот круг. Претежно се манифестираат во две форми: масовен поткуп на граѓаните како никогаш досега во Македонија и закани, притисоци и уцени врз луѓето, претежно кон наши активисти од страна на СДСМ, изјави Груевски по гласањето.

Според него, во минатото се случувале обиди за поткуп, но биле многу изолирани, многу ретки, многу мали…, а сега станува збор за масовен поткуп, што, како што рече, е под заштита на полицијата, контролирана од СДСМ.

– Луѓето отворено се уценуваат со губење работа, особено администрацијата, со кривични пријави, недобивање субвенции,… Тоа е масовно, организирано, системски. Како што поткупот е организиран масовно и системски, така и заканите, уцените, заплашувањата и притисоците се масовни и системски, рече Груевски, додавајќи дека и покрај се, ВМРО-ДПМНЕ нема да биде скршена со ова и дека нивната борба допрва почнува.

 

ВМРО-ДПМНЕ локални избори 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.