Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Текстилна конфекција од Штип со шест ковид случаи под клуч на недела дена

0
By Нова ТВ on May 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Штипска текстилна конфекција во која се детектирани шест работнички со ковид-19 ќе оди под клуч на најмалку една недела, но и подолго ако за такво нешто се покаже потреба. Одлуката ја донел сопственикот за што ги информирал градоначалникот Благој Бочварски и општинскиот кризен штаб.

„Разговарав со сопственикот на конфекцијата, но и со сите инспекциски служби и ме информираа дека таму е извршен инспекциски увид, надзор и контрола и констатирано е дека не се прекршени мерките за носење на заштитна опрема. Но, сопственикот ме информира дека на негова иницијатива ќе ја затвори компанијата на недела дена, а ако има потреба и повеќе, со цел да се испитаат сите вработени“, вели Бочварски.

Надлежните од Центарот за јавно здравје-Штип информираа дека денеска се земени девет брисеви од кои седум се поврзани со конфекцијата. Во тек е епидемиолошка анкета и за работнички од други конфекции, кои се превезувале во ист автобус со работничките од оваа штипска конфекција. Првично станува збор за повеќе од десет лица.

Ирина Бухова, директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), вели дека сите контакти на досега утврдените позитивни случаи ќе бидат ставени во изолација, но најавуваат надзор и на автобусите на другите конфекции.

„Во однос на превозните средства, ДСЗИ ќе изврши надзор во однос на хигиената во нив, обезбедени средства за дезинфекција на раце на лицата кои се превезуваат и динамика на дезинфекција на превозните средства“, вели Бухова.

Кристина Ампева од НВО  „Гласен текстилец“, како најгласна организација за правата на текстилните работнички, препорачува во фабриките да се користи годишниот одмор за да се спречи состојбата да излезе од контрола. Вчера со препорака излезе и Центарот за јавно здравје во Штип за оддржување на дистанца, за носење на заштина опрема и за редовна дезинфекција на автобусите и сите работни површини.

КЛуч Коронавирус Текстилна конфенција Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.