Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што ако не се усвојат уставните измени? Брисел ќе гледа на несериозен партнер, Русија ќе ги зголеми апетитите, меѓуетничките односи ќе се влошат, економијата ќе стагнира

0
By Ана Василевска on August 30, 2023 АНАЛИЗА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Евентуалниот неуспех на одобрувањето на неопходните уставни измени за внесување на бугарската заедница во Преамбулата на Уставот, како и евентуалниот неуспех на евроинтегративниот процес, ќе предизвикаат големи економски проблеми, социјални и политички немири во земјата, но значително ќе влијае и на меѓуетничките односи, велат познавачите на интегративните процеси и економските експерти.

Во однос на безбедноста, според нив, ќе се зголемат апетитите за надворешно влијание, апострофирајќи го руското влијание како ризично за Северна Македонија.

Илија Џугумунов
Илија Џугумунов

– Државата, а особено младите губат многу доколку застанаме во место сега. Секако дека блокадата на ЕУ процесот и новото статус кво (доколку се случи), отвараат простор за уште поголемо надворешно влијание (посебно Руско). Самити мултипликатори на руската пропаганда во Северна Македонија, ќе земат уште поголем замав. А неизвесноста, доколку не ги започнеме пристапните преговори, можно е да придонесе кон зголемување на тензиите, имајќи ја во предвид реториката на опозициските партии, кои како во време на избори, ги заоструваат меѓуетничките односи, изјави за „Фронтлајн“ – Илија Џугумунов од Евроатлански совет на Македонија.

Абдулменаф Беџети
Абдулменаф Беџети

Универзитетскиот професор по економија Абдулменаф Беџети во изјава за „Фронтлајн“ вели дека економијата е најзагрозениот сектор покрај владеењето на правото.

– Блокирањето на евроинтегративниот процес ќе има влијание во многу димензии, од најелементарните како што се програмите и проектите финансирани од ЕУ, преку други билатерални и мултилатерални инвестиции па се до стандардите и екосистемот што ќе нè одржи конвергиран со стандардите на ЕУ во извозот како пазар – каде извезуваме над 70% од нашиот трговски потенцијал со надворешниот свет. На пример, по 4-5 години нема да можеме да извезуваме текстил, храна или други производи ако не обезбедиме еколошки или био стандарди! Можам да замислам каков негативен ефект ќе има ова, нагласи Беџети.

Џабир Дерала
Џабир Дерала

Политичкиот аналитичар Џабир Дерала истакна дека антизападната, анти-ЕУ и анти-НАТО ориентација на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и неколку други политички партии е веќе одамна очигледна.

Нивното дејствување, додава Дерала, без оглед на тоа дали отворено или прикриено, нанесува огромна штета по сите основи, во сите клучни процеси за остварување на националните интереси.

– Ним им се придружија и одреден број невладини организации и академици, како и голем број медиуми. Сите заедно, видливо или невидливо, со злоупотреба на демократските институции, а особено на слободата на говорот, не само што на различни начини го блокираат европскиот пат на земјата, туку предизвикуваат поларизација и омраза кон Западот, и шират етничка и верска омраза. Сето тоа ќе влијае на стабилноста и безбедноста на земјата, а во перспектива, ќе ја турне земјата во длабока изолација, сиромаштија и зависност од една групација на држави под диктатура, вели политичкиот аналитичар и публицист Џабир Дерала.

Димитар Николовски
Димитар Николовски

Димитар Николовски од ЕВРОТИНК смета дека неизгласувањето на уставните измени ќе ја доведе државата во една состојба на несигурност и нејаснотија.

– Најголем проблем би бил тоа што на Македонија ќе се гледа како несериозен партнер на Европската унија, што може да доведе до тоа и да се намали довербата кај нашите западни економски партнери. Ова би бил директен удар за македонската економија. Од друга страна, ќе заостануваме во самиот процес, што значи успорување на реформите, изјави Николовски за „Фронтлајн“.

Според него, блокирањето на процесот може да значи и влошување на меѓуетничките односи.

– Тој вакум кој би се создал може да биде искористен и од страна на про-руските актери во нашата држава, кои би добиле дополнителна сила и поддршка. Нивната привлечност (особено преку промоција на БРИКС+) може да биде зголемена, на сметка на про-европските симпатии кај поголемиот дел од македонското население, нагласи тој.

Фб/ принт скрин
Фб/ принт скрин

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, објави дека доклку се блокира еуроинтеграцискиот процес државата ќе загуби 1 милијарда евра директни средства од Европската Унија.

– Над 1 милијарда евра, СЕКОЈА ГОДИНА државата ќе губи директни средства од ЕУ поради блокирање на евроинтеграциите, објави Османи.

Дестан Јонузи

Извор: Фронтлајн.мк

Бугарија ВМРО-ДПМНЕ ЕУ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.