Published: Saturday, August 8, 2026 15:08
- Катастрофата во Гостивар да се случи на уште барем десет места низ земјата.
- Пожари во кои уште еднаш ќе бидеме сведоци на хероизмот на хибридниот Стојанче.
- Уште неколку депонии да се запалат, за да ги прогласиме смрдеата и отровите за дел од македонската културна и туристичка понуда.
- И преостанатите камиони на Комунална хигиена да престанат да работат, па дивите депонии конечно да добијат статус на урбана инфраструктура.
- Воздухот (како и животот) да стане уште понездрав, па битката за преживување да ја водиме директно од аптеките.
- Минималната синдикална кошничка да стане недостижна и за две плати, па конечно да признаеме дека проблемот е што луѓето премногу јадат.
- Да се интензивираат партиските прес-конференции на кои се навредува и клевети „другата страна“, за конечно да сфатиме дека нема време за решавање на проблемите.
- Мицкоски да се врати од екскурзија за да продолжи битката за достоинство и гордост на нацијата.
- Сѐ што е наведено погоре.
Слободно дополнете.
Извор: Фејсбук




