Published: Thursday, November 5, 2015 13:11
Руските власти тврдат дека сите теории за причините за уривањето на авионот во Египет минатата сабота, во оваа фаза од истрагата, се само шпекулација.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, денеска на прес конференција, пред се, ги демантираше тврдењата на американски и британски експерти, дека разузнавачки податоци укажуваат оти се работи за терористички напад, и дека во авионот Ербас 321 на Метроџет со 224 патници и членови на екипажот, била поставена бомба.
Нивната теорија е дека некој од аеродромот во Шарм ел Шеик им помогнал на припадниците на ИСИС или на нивни соработници да ја постават бомбата во авионот. Милитантите поврзани со Исламската држава од првиот момент тврдеа дека го урнале авионот.




