„Обвинителството три години води предистражна постапка за лиценците на БЕГ“, ова е насловот на текстот кој денеска го објави Радио Слободна Европа (РСЕ), а се однесува на пријава стара три години за која постапувањето по неа е во фаза на предистрага.

Основното јавно обвинителство, пишува РСЕ, водело предистражна постапка за начинот на кој Балкан Енерџи Груп (БЕГ) односно трите ќерки фирми, ја добиле лиценцата за вршење енергетска дејност, односно снабдување со енергија.

Според радиото, станува збор за кривична пријава што Министерството за внатрешни работи во мај 2019 година ја поднело против поранешниот претседател на Регулаторната комисија Димитар Петров и три члена на комисија за нелегално издавање на три лиценци во 2012 година за вршење на енергетски дејности (регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија), без да бидат исполнети условите и критериумите.

Во  текстот на РСЕ кој целосно може да го прочитате на линкот , штетата за што се товари оваа, како што наведува медиумот, контроверзна компанија уште од самите почетоци на нејзиното формирање, се наведува дека МВР излегло со проценка за направена штета од 6,6 милиони евра, пишува Радио Слободна Европа.

Инаку, пред три години еден од основачите на здружението „ Но пасаран“ Маријан Ненов, кој претходните 6,5 години водел судска битка со БЕГ, во интервју за неделникот Фокус најавено на 24 април 2019 година, излезе со тврдење дека зад БЕГ стои Груевски и Фамилијата и дека преку оваа фирма украле 20 милиони евра од граѓаните.

Маријан Ненов: Груевски и Фамилијата стојат зад БЕГ, која украде 20 милиони евра од граѓаните!