Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што не знае Мицкоски?

0
By Zoran Ivanov on June 5, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 5, 2026 09:02

Идентитет не се гарантира со документ, не се губи, не се нити добива (АСНОМ на пример). Од што се плаши Мицкоски? Македонија е признаена држава. Македонскиот јазик исто така. Нема тука временски рамки! Тоа е денешната реалност. А ако сакаме овие две одредници да ги имаме од антиката, е тогаш историчарите и археолозите нека ги засукаат ракавите и нека го докажет тоа со методите на науката како документи, артефакти и здраворазумско нивно толкување и давање на контекст. Потоа, еве допуштам да го изгубиме идентитетот. Па ако сме способни, ќе го повратиме затоа што од вистината никој не избегал.

Томе Скендеровски

Не ќе напишев ништо ама видов голема опасност, инает до самоуништување и нок даун на политиката која математички прецизно ја водеше Мицкоски овие две и кусур години во вчерашната изјава (02.06.2026.) дека Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ не можат да се донесат! Ова е показател на неуспешната политика на ВМРО и што е трагично, не нуди решение туку како некои јапонци бизнисмени, кога ќе банкротираат во својот бизнис, извршуваат харикири.

Што не знае Мицкоски?

  1. ЕУ не преговара со ВМРО туку преговара со Македонија. ЕУ Македонија на политички план ја гледа како континуитет а не како ВМРО-вска Македонија или СДСМ-овска Македонија. Тоа значи дека обврските во преговорите што некои претходни Влади ги превзеле, мора да се исполнат затоа што не случајно се превземени тие обврски. А зошто ги превзеле тие обврски? Затоа што толку ни е силата како нација. Не може ВМРО да се препукува со СДСМ во однос на стратешките ориентации на државава преку преговорите со ЕУ! ЕУ не е за мајтап, како што има намера да го вовлече ВМРО! Не може да има две Македонии: една на ВМРО а друга на СДСМ! И пази дрскост: ВМРО уште ја уценува ЕУ какви услови и позиции да направи, а моли да влезе во ЕУ! Мицкоски како политичар ова би требало да го знае.
  2. ЕУ е клуб на интерес или клуб од интерес. ЕУ не е ОН! Ова е суштинска разлика. Кога имаме клубови од интерес (НАТО, ЕУ,…) одлуките се донесуваат со консензус (се мисли на клучни одлуки…). Клубовите од интерес се формираат на доброволна основа и не се од егзистенционален карактер за државите членки како што се организациите (ОН како на пример) во кој се остваруваат интереси од егзистенцијален карактер за државите членки. На пример, Македонија мора да е членка на ОН затоа што без тоа членство е нулта земја, земја без тапија… Со клубовите на интерес не е така: ние не мора да сме членки на ЕУ! Од оваа релација извира основата на начинот на донесување на одлуките: Во клубовите на интерес одлуките се донесуваат со консензус а во „обичните“ организации со квалификувано мнозинство. ОН мора да не прими! ЕУ не мора да не прими! Од тука, глупаво е да се гаи надеж дека ЕУ мора да премине во донесување на одлуки со квалификувано мнозинство. Се додека ЕУ е клуб од интерес, се дотогаш одлуките ќе се донесуваат со консензус. Онај момент кога ЕУ ќе се трансформира од клуб од интерес во фердерација или друг модел на организација која има атрибути на држава (значи: да се промовира во држава), тогаш може да се премине во донесување на одлуки со квалификувано мнозинство. Која е логиката за ова? Многу е едноставно: сложената држава или државата воопшто мора да балансира со интересите на елементите кои ја сочинуваат како би преживеала и воопшто опстанала. Тоа значи дека мора да се примени сила затоа што никоја од нејзините супериорни групи нема доброволно да партиципира во помалку способните групи кои ако се разделат овие две групи од инаети и нефункционалности ќе пропадне и државата. Затоа, за да се примени сила како легитимна опција за едните да партиципираат во тој момент кај другите и воопшто да се дозволи разногласие и конкуренција на идеји (што е нешто од егзистенционален карактер за државата) се оди со квалификувано мнозинство во донесувањето на одлуки. Во клубовите од интерес е обратно: таму нивните членови се веќе способни, самите си се алиментираат и функционираат и членството во тие клубови е доброволно а со цел да си ја зголемат својата благосостојба преку механизмот на оптимизирање на заедничките процеси во системите како образование, производство, енергетика, одбрана, … Со други зборови, ние како Македонија нема што да бараме во ЕУ во овај момент кога немаме образование, производство, енергетка,… Ние единствено се пикаме во ЕУ за да си го решиме опстанокот наш! Но ЕУ не решава опстанок и затоа бара компатибилност на системите … На ова Мицкоски уште ги уценува! Мицкоски треба да знае дека Македонија сама мора да си ја реши својата егзистенција и да не чека ЕУ од клуб на интерес да премине во држава со сите нејзини атрибути како што е донесување на одлуки со квалификувано мнозинство (или гласање) и така да го најде егзистенционалниот спас за Македонија како што беше во СФРЈ. Тоа е исто како да чекаш САД да пропадне, да се распадне… И ова Мицкоски треба да го знае…
  3. За бугарите во нашиот Устав е едноставно и не знам зошто Мицкоски комплицира онаму каде нема проблеми! Мицкоски треба да знае дека благодарение на српската политичка пропаганда посебно изразена од 1918 година наваму, Бугарија е омаловажувана, бугарите се понижувани, малтретирани, … секако, не на вулгарен (очигледен) начин но со елегантни суптилни методи како тоа само српските пропагандисти и нивните фанови во Македонија знаат да го прават. Ова го гледаат и странските амбасадори, конзули и пратеници како и патеписци. Имено, странците повеќе знаат за Македонија и нејзината историја од ние што ја знаеме. И нема што да се лутиме кога ЕУ ќе ни каже ако сакате кај нас направете го ова и ова, меѓу кое е и внес на бугарите во Уставот. И имаат легитимно право за ова. Имено, животниот стандард на ЕУ е висок и воопшто опстанок на тие држави е обезбеден така да има логика да кажат ако и ние сакаме така како нив да живееме да го направите тоа и тоа. Впрочем, ние со нашата раскалашеност, мрзеливост, фалсификувна историја и Мариовска итар Пејовштина ја доведовме нашата држава на работ на колапс! И ова Мицкоски треба да го знае.
  4. Гаранции во политиката нема! Ако има гаранции, нема политика туку има математика, формула… Од каде влече ова? Фихтеовата шема на системите во Природата е ТЕЗА>АНТИТЕЗА>СИНТЕЗА. Државите, организациите, клубовите, … се системи. Во нив процесите се придвижуваат и усовршуваат преку негација (антитеза) и затоа мора да се дискутира за секое прашање. Таква е природата на нештата во овие процеси. Нешто како спртски натпревар, нема гаранција за успех а и кога ќе има успех тој е привремен, за таа сезона и се оди кон нова борба, кон нова антитеза… За гаранција не може да стане збор. Гаранција има во математиката и воопшто во формалната логика како 2+2=4 и точка, нема дискусија и јас ти давам гаранција! Да бараш гаранција и математика во политиката во која има бесконечни можности а треба да се најде само најдобрата можна опција во тој контекст и во тоа историско време (епоха) е блуд! Тоа е еквивалентно на констатацијата: А што бара овој човек (Мицкоски) во политиката! Зарем е толку слеп македонскиот народ што го изгласал? Да, слеп е македонскиот народ што го изгласал оти истиот тој народ е заблуден од странските политички пропаганди. А Мицкоски? Па тој е еден татин син кај кого работите во животот оделе математички (линеарно, за експоненцијално не е дораснат!) и за него е непознаница фихтеовата: ТЕЗА>АНТИТЕЗА>СИНТЕЗА затоа што и не го вкусил животот туку вкусувал само математика. Значи, не е проблемот што Мицкоски е политички слеп, туку проблем е што македонскиот народ е политички слеп и поверува на прикаските на Мицкоски. А зошто Македонскиот народ е слеп? Тоа се некои други релации меѓу кои еден од факторите е и фалсификуваната политичка историја. Друг фактор е мрзеливоста. Затоа Мицкоски со инаетот ќе не уништи а фактички, со оглед дека народот на избори го донесе, излегува дека народот (преку него) се самоуништува… Овде може да се отвори нова тема а тоа е колку, кога, за што и до кога теба да се слуша народот, т.е. дали политичарот буквално за се треба да се крие зад народот како што се крие нашиот Мицкоски… (најлесно е да се криеш зад тато, вујче, зад партијата, зад народот, ….)
  5. Идентитет не се гарантира со документ, не се губи, не се нити добива (АСНОМ на пример). Од што се плаши Мицкоски? Македонија е признаена држава. Македонскиот јазик исто така. Нема тука временски рамки! Тоа е денешната реалност. А ако сакаме овие две одредници да ги имаме од антиката, е тогаш историчарите и археолозите нека ги засукаат ракавите и нека го докажет тоа со методите на науката како документи, артефакти и здраворазумско нивно толкување и давање на контекст. Потоа, еве допуштам да го изгубиме идентитетот. Па ако сме способни, ќе го повратиме затоа што од вистината никој не избегал. Јас некаде во 1998 година бев доведен до лудило, во ќош од кој немаше излез. Го дадов (изгубив) мојот идентитет како ген (лоза) Скендеровци од Охрид (значи, објавив тотален идентитетски пораз како СКЕНДЕР) само за да се вработам во ЕМО-Охрид како конструктор на машини. Успеав на тоа поле, полето на машинството, ми се отворија и нови можности и шанси кои ги искористив (ЕМИТЕР, Првиот македонски картинг изработен со стандардна машинска документација, ….) и незнаејќи си го повратив идентитетот. Излегов како победник! Е тоа е политика… И тоа Мицкоски треба да го знае!
  6. Еднашка треба да си ги решиме нашите проблеми со нашите соседи затоа што добрососедските односи се еден од клучните критериуми за влез во ЕУ! А и да немаме намера да влегуваме во ЕУ, нашите проблеми со сите наши соседи треба да си ги решиме. И ова треба Мицкоски да го знае …

ПС

  1. За правото и меѓународното право: ако се работи за внатредржавни проблеми и релации правниот поредок е прецизно и конзистентно дефиниран. Имено, воената сила и воопшто полициската принуда е гарант за спроведување на пресудите од судот а пак воената сила и полициската принуда по природа на нештата е МОНОПОЛ во самата држава и нема што тука да се дискутира многу оти има една вистина донесена со судската пресуда за која гарантира поредокот кој има монопол на сила. Малку посложено е со меѓународното право. Таму нема монопол на сила и судските пресуди многу тешко се донесуваат а уште потешко се извршуваат! Ова особено важи за обичните организации како ОН и слично каде одлуките се донесуваат со квалификувано мнозинство. Значи, правото тешко си го наоѓа своето место посебно во делот на извршување на пресудите. Тоа е логично па и природно па кој сака теоретски да се занимава со овие проблеми и да го ослободи меѓународното право од националните (државни) пранги и стеги (од мултиполарна демонстрација на сила да го трансформира во монопол во демонтрацијата на сила), нека повели, нека ја посвети својата кариера иновирајќи на овај план. Најтешко е спроведувањето на правото во меѓународните организации од интерес како НАТО, ЕУ, … каде одлуките се донесуваат со консензус. Тука нема меѓународно право (правото никој не го шмиргла оти ако се навлезе во с’ржта на процесите во клубовите, тоа и не е потребно) и илузија е Македонија да се повикува на петнаесетте пресуди за Бугарија за нашето малцинство кај нив. Бугарија не шмиргла такви пресуди оти никој од ЕУ ништо не и може, никој не може да ја принуди на почитување на пресудите. Тоа е природно и нормално затоа што ЕУ не е држава туку е клуб на држави кои имаат заеднички интерес а тоа со пресудите е амбиција на ЕУ од клуб на држави полека да се артикулира како држава конкурент на САД, Русија, Кина… Но ова се спори и тешки процеси а Македонија денот треба да го купи… И ова треба Мицкоски да го знае…

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна Мицкоски томе скендеровски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

ВЕСТИ June 5, 2026

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5…

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.