Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што откри првонаграденото истражување на Менче Точи објавено на НОВА

2
By Нова ТВ on March 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серијалот истражувачки стории кои беа објавени на НОВА, од новинарката Менче Атанасова Точи што ја освои првата награда за истражувачко новинарство „Никола Младенов“ на МИМ,  обелодени голема афера за паралелниот увоз на лекови преку кој од 2013 година наваму влегувале сомнителни и фалсификувани лекови во државата.

Сомнежи дека 40 проценти од лековите од паралелен увоз се фалсификат

Истражувањето покажува сериозни злоупотреби од страна на институциите, манипулирање на граѓаните, богатење на одредени фармацевтски моќници, како и носење закони по терк на претходната власт, со образложение дека паралелниот увоз овозможува намалување на цената на лековите.

99 отсто од лековите од паралелен увоз се од Турција и не се безбедни

Истражувањето изнесе на виделина податоци кои досега не биле објавувани во јавноста, ексклузивни документи и фотографии од фалсификувани лекови, изјави од пациенти кои примиле или биле во опасност да примат фалсификуван лек, од лекари кој спречиле увоз на смртоносни лекови( од кои во САД веќе имало 40 смртни случаи) од страна на претходното раководство на Министерството за здравство.

Паралелен увоз без контрола – на тендер добивале смртоносни лекови

Сторијата покажа како била злоупотребена власта, како биле манипулирани граѓаните, како се богателе одредени фарамцевтски моќници, како се носеле закони по желба на претходната власт, со образложение дека со паралениот увоз се намалува цената на лековите. Додека одредени веледрогерии профитирале, граѓаните користеле лекови за кои странските фармацевтски компании во земјава потврдија  дека дури 40 проценти (од нивните лекови) се фалсификувани.

Откриен сомнителен инсулин од Бразил – стопирана е испораката

Истражувањето е работено пет месеци, почнувајќи од септември 2017 година и во целиот серијал од над 20 текстови  објавени се многу податоци, факти, документи, екслузивни фотографии од фалсификувани лекови откриени во нашата земја, изобилува со сведоштва од пациенти кои примиле или имале лошо искуство со фалсификувани лекови, има разговори со фарамцевти, лекари, разни здруженија на пациенти, експерти и познавачи на оваа проблематика. Во него има ставови од странски фармацевтски компании во земјава, институции кои се надлежни за увоз и регистрација на лековите,  мислења од фармацевти, информации од Агенција за лекови, веледрогерии кои увезуваат лекови од паралелен увоз, но и тие што не увезуваат.

Бразилските инсулини на анализа – неизвесни се донациите со инсулин

Здравствените власти купуваат инсулини во четири очи

Истражувањето покажа дека во државата во повеќе наврати биле откриени фалсификувани лекови, имало и пријава во ОЈО, но никогаш не била покрената истрага. Се откри дека претходната власт си донела измени на законот за лекови (со внесување на трети земји) со кој овозможила влегување на сомнителни лекови преку паралелниот увоз. За овие лекови не се знаело каде и како се чувани, од каде се земени, како се транспортирани од Турција, од каде потекнуваат.

СЗО: Еден од десет лекови во земјите во развој е фалсификат

За брзо време, од допрен глас врз основа на истражувањето Основното јавно обвинителство отвори истрага, а многу сериозно со случајот се занимаваше и Народниот правобранител. По ова, експресно беа направени измените на Законот за лекови во делот на паралелниот увоз кои поминаа на Влада.

Правобранителот бара од Владата да ја зајакне безбедноста на лековите

Овие измени пред да се најдат на прво читање на Комисија за здравство беа повлечени од министерот за здравство Венко Филипче со образложение за доработка и допрецизирање, по што треба да се најдат пред пратениците.

Министерот Филипче го повлече Законот за лекови заради технички измени

НОВА и понатаму ќе го следи законот во Собранието и неговата примена во праксата, се во интерес на вистинското информирање, како и безбедноста и сигурноста на граѓаните на Македонија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.