Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството започна да го испитува паралелниот увоз на лекови

2
By Менче Атанасова Точи on November 13, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 13, 2017 17:25

Основно јавно обвинителство започна да ги испитува наводите во истражувањето на НОВА за паралелниот увоз на лекови , потврдија за НОВА од Обвинителството. Од ОЈО потенцираат дека започнале да го испитуваат случајот по допрен глас и во моментот се преземаат дејства за предистражна постапка.

“Започнато е да се испитуваат наводите и да се преземаат дејства за предистражна постапка, се читаат материјалите, се разгледуваат податоците, велат во ОЈО за НОВА.

Откако ќе се испитаат сите наводи, информации, податоци, но и искази од сведоци најверојатно Обвинителство ќе отвори истрага.

Обвинителството започна да ги испитува наводите откако НОВА објави дека во државата преку паралелен увоз на лекови во последните пет години влегуваат сомнителни лекови за кои не се знае како се транспортирани и чувани, немаат сертификат директно од производителите, туку се внесуваат од трети земји преку разни канали и веледрогерии.

Пред две недели и Народниот правобранител се заинтересира за случајот со паралелниот увоз со лекови за кој пишуваше НОВА и од таму потврдија дека се обратиле до Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) при што побарале информации за потеклото на овие лекови, од каде доаѓаат, како влегуваат, како се транспортираат и чуваат.

Сомнеж дека 40 проценти од лековите кои влегуваат преку паралелен увоз првично изразија од  Фармабренд Нова, асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови. Таму потврдија дека имаат сознанија за  повеќе случаи каде што биле пријавени нерегуларности кај лекови од паралелниот увоз  забележани од пациенти, лекари и аптеки, но претходното раководство во Агенцијата за лекови не превземало никакви мерки за заштита на пациентите.

НОВА веќе објави дека се откриени случаи кога во пакување од еден лек има сосема друг лек со поинаков начин на дејство што го доведува во опасност животот на пациентот доколку не ја забележи грешката.

Имало случаи каде амбалажата на лековите била комплетно  изгужвана и искината, а при проверка на лекот преку фармацевти  од Турција било утврдено дека лековите се поврзани со имиња на турски пациенти и дека веќе биле наплатени  во Фондот за здравство во Турција.

Регистрирани се и случи кога името на лекот не е исто со лекот кој е регистриран во Македонија што пациентите ги става во ризик да внесат двојна доза, во други случаи  нема македонско писмо, ниту брајово, туку турско или грчко што е неразбирливо за македонските граѓани.

Еден од случаите кој бил пријавен во Агенцијата за лекови е од Клиниката за онкологија каде минатата година биле откриени сомнителни лекови за рак на дојка за кои никогаш не се докажало што содржат во себе. На препаратите кои биле во облик на инфузија им бил покриен бар кодот со етикета од турскиот фонд за здравство, а на декларацијата немало податок дали е почитувана пропишаната температура и дали имало прекин на ладниот ланец.

Агенцијата за лекови направила инспекциски надзор по што биле земени примероци за анализа и пратени во лабораторијата на Фармацевтскиот факултет, а останатите лекови биле запечатени во фрижидер. Резултатите покажале дека лекот е оригинилан, но не се докажало каква е структурата и во колкав процент е зачувана активната супстанца.

Но, она што е уште повеќе шокантно е дека пред две години на тендер од Министерството за здравство,  добил лек од паралелниот увоз произведен во Турција кој е забранет за употреба во многу земји во светот поради 40 евидентирани смртни слуачи. Лекот се користи за лекување на неколку видови на рак и бил наменет за болните од Клиниката за онкологија.

Американската агенција за лекови (ФДА) тогаш предупредуваше дека станува збор за фалсификат, односно имитација на оригиналниот лек и дека не содржи активна супстанца. Тогашниот директор на клиниката одлучно се спротиставил на оваа одлука и лекот не стигнал до болните од рак.

И пациентите со дијабетес се сомневаат во исправноста на инсулините. Откако почнаа да се увезуваат преку паралелен увоз, што значи дека лекот не доаѓа директно од производителите, туку од „трета рака“ многу пациенти се жалат дека инсулинот не им делува и тие не можат да го контролираат шеќерот во крвта.

Заради тоа од асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК побараа од МАЛМЕД да испитаат дали инсулините се соодветно чувани и транспортирани и дали во некој момент дошло до прекин на ладниот ланец.

По ваквите пишувања, но и под притисок на пациентите МАЛМЕД минатиот месец ги зајакна контролите, но се уште нема никакви официјални информации што констатирале и дали има отстапки во квалитетот и исправноста на инсулините.

Паралелниот увоз на лекови го воведе претходната Влада во 2012 година со образложение дека на ваков начин ќе ја намали цената на лековите. Но, наместо од земји од ЕУ каде што има строги закони и критериуми за паралелен увоз, евтините лекови во Македонија најчесто се увезуваат од Турција или Русија.

Експертската јавност сега бара измени на законот за лекови во делот на паралелниот увоз со лекови со што ќе се гарантира сигурноста на лековите и безбедноста на граѓаните.

испитува лекови обвинтелство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.