Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што покажа „германското рандеву“ за дијалогот Белград – Приштина

0
By Mirjana on May 5, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 5, 2022 14:32

Еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ се состана со премиерот на Косово Албин Курти, во Берлин на неформални вечери организирани од германскиот канцелар Олаф Шолц и од специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, многумина сакаат да дешифрираат што се криело зад куртоазните насмевки и што содржело дипломатското „мени“.

Самиот факт што дијалогот е обновен по цели 10 месеци и со неколку битни промени на меѓународната сцена од тоа дека сега германски канцелар е Шолц а не Меркел па до војната во Украина која им виси над главите на сите, и иако протоколот направи совршена атмосфера се да делува опуштено барем за на око, бездруго ја прави севкупната атмосфера неизвесна а со тоа и отежнителна.

Очекувано, пораките што се испратија воопшто  не навестуваат лесен и брз пробив во разговорите, но самиот настан покажува дека страните сепак се подготвени на дијалог, колку и да е тој непријатен. Сепак дел од аналитичарите ценат дека на германското „белградско-приштинско рандеву“ секој од актерите присуствувал со своја агенда. Шолц да дебитира како канцелар во ова отворено прашање на Балканот, Вучиќ и без тоа потврди дека таму е присутен поради тоа што Европската Унија е стратешки интерес на Србија а Курти прозвуче по малку „тужибабовски“ изјавувајќи дека требало тој да биде повеќе ценет од Вучиќ зашто бил позаслужни за ЕУ и за НАТО.

Ваквата клима на презентација на личните гледишта, ја „наруши“ Шолц потсетувајќи ги на очекувањето на меѓународната зедница, дека дијалогот треба да доведе до сеопфатен договор со краен исход  „признавање“ на Косово.

Лајчак изјави дека разговорите ќе бидат продолжени на 13 мај на ниво на главните преговарачи на Белград и на Приштина Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.

Ја поздравувам приликата за разговор во текот на неформалната вечера за дијалогот со премиерот Курти и со претседателот Вучиќ во Берлин. И се заблагодарувам на германската влада за гостопримството, изјави Лајчак.

Претседателот Вучиќ, претходно во интервју за германскиот весник „Ханделсблат”, изнесе очекување Србија да ја има истата чест и почитување од Шолц како што ја имала претходно од Меркел за време на која Германија била далеку поомилена од страна на српските граѓани за разлика од ЕУ, за која поддршката паѓа во континуитет, изјави Вучиќ за германскиот весник.

Нашите луѓе од ЕУ слушаат само едно – Србија треба да го признае Косово како независна држава. Многу Срби веќе се сити од тоа, бидејќи истовремено во Украина денеска гледаат целосно поинаков пристап на истите тие западни сили, поради што имаат чувство дека постојат двојни стандарди, изјавил Вучиќ за „Ханделсблат“.

Потребни ни се јасни и остварливи цели од ЕУ, ова го зборувам од име на сите во регионот, рече Вучиќ додавајќи дека за падот на поддршката на ЕУ во регионот, половина од вината ја имаат земјите а другата половина Брисел.

(М.Трпческа) 

 

 

 

 

Нова рунда Белград - Приштина на 13 мај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.