Авиокомпанијата Луфтханза денеска откажа 876 летови поради најавениот штрајк на пилотите што ќе трае 24 часа, објави Ројтерс.
Со откажувањето на летовите ќе бидат засегнати 100.000 патници, и како што се наведува во соопштението на Луфтхаза тие ќе се обидат да им најдат друг превоз.
Штрајкот што го организира синдикатот на германските пилоти е 14 по ред и е во врска со спорот околу платите на пилотите. Преговорите за платите беа прекинати на почеткот на овој месец. Двете страни се обидуваат да се договорат уште од 2012 година, а синдикатот бара просечно зголемување од 3,7 проценти годишно за 5.400 пилоти во следните пет години.
Луфтханза пнуди зголемување од 2,5 проценти што според синдикатот практично значи замрзнување на платите на пилотите.
Штрајкот започна на полноќ.
На аеродромите во Хамбург и Диселдорф откажани се над 60 летови на нискобуџетната компанија Јуровингс сопстваеност на Луфтханза.




