Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шуга во АРМ – министерот без реакција – владата молчи, на врховната командантка ѝ се губи трагата

0
By Zoran Ivanov on February 9, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 9, 2026 13:53

Од синдикатот посочуваат дека војници живеат и работат во лоши хигиенски услови, во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети каде нема ни греење, ни топла вода.

Драган Мишев

Шугата е кожна болест, за која се веруваше дека е минато, која се појавува во нехигиенски услови. Во 21 век, во армијата на Северна Македонија, земја членка на НАТО, меѓу војниците се појави – ШУГА.

Во штурите, задоцнети соопштенија на АРМ и министерството за одбрана, од типот на „будно ја следиме ситуацијата“ и „се преземаат мерки“,  во обид да го дезавуираат случајот, потврдија дека биле заразени двајца војници, иако неофицијални извори тврдат дека бројот на војници во изолација е значително поголем, и дека, според укажувањето на професионални војници од касарната кои од разбирливи причини сакаа да останат анонимни, околу 10-тина војници биле во изолација, дел биле однесени на болнички прегледи.

Изостанаа реакциите на најповиканите, врховниот командант на армијата, претседателката  Силјановска Давкова, на која како да и се губи секоја трага по „историската“ посета на Дубаи, како и на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во исто време со појавата на шугаtа во АРМ, како награда за „пожртвуваната и успешна“ работа на функцијата министер за одбрана беше избран за член на ИК на ВМРО ДПМНЕ од страна на неговиот шеф, премиер и лидер на партијата Мицкоски.

Но затоа реагираа најзасегнатите, професионалните војниците на АРМ кои секојдневно се соочуваат со нехуманите услови за работа. Тие, преку Независниот синдикат на професионални војници реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната во Велес, обвинувајќи за катастрофални услови за живот и работа кои владеат не само во велешката, туку и во сите касарни низ државата, и дека случајот во Велес е само еден од ретките кои добиле медиумска покриеност, иако слични инциденти се случувале и порано, но останувале тајни.

Од синдикатот посочуваат дека војници живеат и работат во лоши хигиенски услови, во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети каде нема ни греење, ни топла вода.

„Професионалните војници имаат најлоши услови за работа, од нечиста постелнина, неиспрана со години, од перници стари по 15-20 години, исто така и за ќебињата и чаршавите со години стари и необновени. Просториите каде што спијат војниците се најчесто со влага , со многу инсекти по просториите, храната се дава во нехигиенски услови со прибори стари над 20 години и нејзиниот квалитет е на најслабо ниво, храната е еднолична и недоволна, санитарните јазли се нереновирани и руинирани повеќе од 15-20 години. Професионалните војници многу често работат во услови кога немаат струја во објектите за да се загреат и техничка вода за да се одржува личната хигиената и хигиената на објектите, ваквите состојби траат со години“, алармираат од синдикатот.

Синдикатот го обвинува министерот за одбрана Владо Мисајловски за игнорантскиот однос, отсуството на социјален дијалог и непочитувањето на основните човекови права на припадниците на Армијата.

Од НСПВ наведуваат повеќе причини за растечкото незадоволство меѓу професионалните војници: немање покачување на плати три години поради правни измени,  дискриминација и мобинг што резултира со масовен одлив на војници, институционална негрижа за војниците – се реновираат само просториите на офицерите, а не и објектите каде што живеат и престојуваат 24/7 професионалните војници.

Се наведува и дека, како земја членка на НАТО, со зголемениот буџет согласно барањата на Алијансата,  приоритет треба да бидат условите за работа и човечкиот фактор, а не само набавки на оружје.

Според сето наведено погоре, произлегува дека случајот со шугата во АРМ не е изолиран здравствен инцидент, туку симптом на подлабока институционална негрижа и системско распаѓање на условите во кои живеат и работат професионалните војници. Кога раководството на земја членка на НАТО не може за војската да обезбеди основна хигиена и достоинствени услови за своите припадници, тогаш проблемот не е во „поединечен случај“, туку во приоритетите на раководството на државата. Молчeњето на политичкиот и воениот врв ја прави оваа состојба уште поалармантна – затоа што армијата не се мери само со оружјето што го поседува, туку со тоа како се однесува кон луѓето што ја носат униформата.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

АРМ Драган Мишев шуга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.