НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шуица: Со владата на Заев работите во Македонија се подинамични

0
By Светлана Јовановска on March 31, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интервју со хрватската европска пратеничка Далиборка Шуица од Европската народна партија и потпретседателка на Комисијата за соработка со Босна и Херцеговина и Косово на Европскиот парламент.

 

НОВА: Г-ѓо Шуица, ви благодарам што ја прифативте поканата за ова интервју за Балкан Прес. Пред да почнеме да зборуваме за слободата на медиумите и ситуацијата во Босна, Србија и Македонија, морам да ве прашам за последните настани на Косово, уапсен беше Марко Ѓуриќ, дојдоа нервозни реакции од Белград, се свикуваат Совети за национална безбедност во Србија и Косово. Што се случува помеѓу овие две земји сега?

Шуица:

Ситуацијата е загрижувачка. По извештајот на Европската комисија (ЕК) за состојбата во шесте земји на Западниот Балкан, откако помисливме дека ќе мрднеме од мртвата точка и дека дијалогот помеѓу Приштина и Белград ќе продолжи, доаѓаат вакви сцени. Јас не би можела да влегувам во детали и не знам што е причината, но тоа секако не е добро за целиот регион. Не поддржувам ваков начин на комуникација. Штом се свикува состанок на два Совети за безбедност, значи дека ситуацијата е сериозна.

НОВА: Ѓуриќ беше пред некој ден во Брисел на преговорите помеѓу Белград и Приштина и бил уапсен…

Шуица:

Очигледно дека на некои екстремни страни не сакаат договор. Без договор помеѓу Белград и Приштина и без признавање на општините и статусот на српските општини на северот на Косово, тешко дека ќе можат да се продолжат преговорите со Србија. Тоа е еден од условите за Србија. Ме чуди тоа што така се реагира но очигледно некој не сака мир и помирување во овој простор.

НОВА: Значи дека ќе биде тешко да се продолжи дијалогот?

Шуица:

Многу тешко. Но ЕУ овој пат одлучи дека биде сериозно присутна на теренот. Како што знаете, и Хан и Могерини го посетија регионот како и претседателот Јункер, со желба овој простор да се интергира и да дојде до регионална соработка.

НОВА: Би сакала да ве прашам за политичката ситуација во Босна која не е добра. Која е вашата анализа?

Шуица:

Ситуацијата е деликатна. И можеби најделикатна од сите овие шест земји. Причината е позната а тоа Дејтонското уредување на Босна и Херцеговина. И нерамноправноста на трите народи иако тие де јуре се рамноправни а де факто не се како што не се ни малцинствата. Го имаме познатиот случај Сејдиќ Финци каде што е потребно и малцинствата како Ромите или Евреите да имаат исти права како и другите народи. Овде е проблем на хрватскиот народ чии права се укинати и желба е и одлука да се примени одлуката на Уставниот суд на БиХ на начин на кој хрватскиот народ ќе бира хрватски избраници. Тоа во моментов не е случај и тоа креира проблеми во БиХ. Ми се чини дека ќе треба да се смени изборниот закон иако во овој момент не гледам знаци дека се оди во таа насока. И ќе биде многу тешко, по изборите на есен, да се применат изборните резултати. Ќе видиме како работите ќе се одвиваат а јас и натаму верувам дека ќе дојде до компромис но се зависи од актерите во самата БиХ.

НОВА: Лоши се односите помеѓу Бошњаците и Хрватите во БиХ а земјата е далеку од ЕУ. Дали ЕУ или Парламентот на ЕУ можат нешто да направат за да се подобри ситуацијата? Како овде се гледа на БиХ?

Шуица:

Босна не би требало да биде далеку од ЕУ. Тие го предадоа прашалникот лично на Јункер со одговори на 3.000 прашања. Тоа значи дека сепак постои одредна согласност помеѓу трите ентитети, се договориле и одговориле на прашањата. Сега така треба да се продолжи но искрено да се продолжи на тој пат. Наспроти тоа е статус кво а тоа за никој не е добро. Навистина е неопходен договор помеѓу Хрватите, Бошњаците и Србите. Помеѓу Хрватите и Бошњаците сега има најмногу контроверзи и тоа е факт и сега треба да се надминат тие контроверзи на начин што ќе ги задоволи Хрватите. Хрватите се најмалубројниот народ. Јас доаѓам од Хрватска и овде зборувам како претставничка на ЕУ, Хрватска има уставна обврска да се грижи за Хрватите каде и да се наоѓаат во светот. А особено Хрватите во БиХ. Тоа не е само емотивно прашање туку и прашање на хрватската граница со БиХ која има повеќе од 1000 км. И не се работи само за Хрватска туку тоа е надворешна граница на ЕУ и нам не ни е сеедно кога се работи за безбедност а тоа е најважно на овој простор и како ситуацијата во БиХ да се стабилизира. Ние даваме максимум, ние како европски и хрватски политичари, за да влијаеме на некој начин. Не како ментори туку да помогнеме ситуацијата да се реши. Факт е дека Дејтон е комплексен и дека во денешно време е тешко да се функционира по тој принцип но засега ништо подобро од тоа не е смислено.

НОВА: Каков ќе биде извештајот за Босна на 17 април?

Шуица:

Не можам да прејудицирам но се надевам дека ќе биде таков што на некој начин што ќе даде надеж за договор помеѓу босанско-херцеговачките власти и тројцата претседатели Додик, Човиќ и Изетбеговиќ. Единствен начин за ЕУ е договор и компромис. Без компромис ќе биде тешко.

НОВА: Има ли Босна шанси наскоро да добие кандидатски статус?

Шуица:

Верувам дека има. Тоа ќе зависи само од нивната внатрешна политичка волја. Она што е важно е народот, сите народи, граѓанките и граѓаните на БиХ според сите анкети сакаат во ЕУ. Значи дека нивните лидери треба да ги слушнат желбите на нивните народи, особено младите. Во БиХ е огромна стапката на невработеност на младите, младите сакаат да се иселат од Босна и тоа е лошо. Особено што многу млади денес имаат статус на европски граѓани па нивната мобилност е гарантирана. Но најдобро би било да се остане во БиХ и да се гради земјата на рамноправни принципи.

НОВА: Каква е состојбата со медиумите во Босна?

Шуица:
Ситуацијата не е добра. Медиумската слобода не е на високо ниво. Во последно време имаше блокирање на некои портали особено по пресудите од Хаг на шестемината. Тоа е апсолутно недозволиво во демократска земја која сака да биде европска. Медиумската слобода се загушува. А тука е и прашањето на јазикот. Јас се залагам да се отвори официјален ТВ канал и на хрватски јазик па така сите три народи да имаат прави на своја програма. Тоа засега го има само во некои приватни канали. Со самото одговарање на прашалникот и желбата за кандидатски статус ќе ги натера властите да работат на тоа и да ја подобрат состојбата.

НОВА: Дали можат Русија и Турска да ја пополнат стратешката празнина што ја остави ЕУ во регионот?

Шуица:

Може да се каже дека оставала до сега но ЕУ стана свесна, и ЕУ и Комисијата, за потребата за присуство во овој регион. И тука нема да остане голема празнина. Точно е дека е големо руското влијание како и турски, турскиот на бошњачката компоменента, рускиот на српската а ЕУ не сака да влијае на хрватската компонента. Напротив, како што реков пред малку, никој не сака да биде ментор но БиХ природно и припаѓа на ЕУ. Затоа ЕУ се труди и сака да помогне но без политичка интеракција на внатрешно политички план. Русија се обидува да влијае преку Република Српска и Србија, особено кога НАТО е во прашање. А Турција своето влијание го врши преку обнова на џамии и училишта во БиХ. Никој нема ништо против тоа но БиХ природно и припаѓа на Европа.

НОВА: Српскиот претседател Вучиќ и хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ се сретнаа во февруари во Загреб и изјавија дека не се разговара за минатото туку за иднината. Дали со ова се бега од проблеми или на ваков начин можат да се решат?

Шуица:
Тоа е добра изјава и сите сакаме да живееме во сегашноста и иднината. Сепак, без расчистување на случувањата од минатото, тешко дека иднината ќе биде јасна. Вучиќ во оваа прилика вети расчистување на прашањето на исчезнатите лица од Хрватска па дури и донесе симболично некои документи. Треба да се реши прашањето на културните добра, на исчезнатите и прашањето на хрватското малцинство во Србија. Ако постојат гарантирани права на Србите во Хрватска, кои имаат дури и гарантирани места во хрватскиот Парламент, тогаш истото тоа го бараат и Хрватите во Србија. Верувам дека ќе се работи на тоа и дека со овие преговори полека ќе се дојде до тоа. Тоа е не само критериум за влез во ЕУ туку тоа е и цивилизациско прашање. Она што Хрватите најмногу ги боли е прашањето на исчезнатите од Татковинската војна.

НОВА: Ќе има ли напредок тука?

Шуица:
Јас верувам дека ќе дојде до напредок ако таква документација постои. Јас верувам дека постои и дека е некаде длабоко сокриена.

НОВА: За медиумите во Србија – српските колеги се жалат за закани, недостаток на слобода на изразување… Дали тоа чувство на загриженост постои и во Европскиот парламент?

Шуица:

Факт е дека во Србија Вучиќ и неговата партија победуваат и го имаат мнозинството на српските граѓани. Но исто така факт е дека кај нас доаѓаат гласови за гушење на медиумските слободи. Новинарите, кои не се провладини, не се задоволни. Сигурно дека има простор за подобрување. Ако не сакаат сами тогаш, како што се вели – кој не сака со мило ќе сака со сила – овде употребувам колквијален израз – но се работи за преговорите и затворањето на поглавието за информирање, ќе мораат да се исполнат некои критериуми а ЕУ за тоа многу води сметка. Се сеќавам за време на преговорите со Хрватска кога многу се водеше сметка токму за ова поглавие. Во кое медиумските слободи и човековите права се најважни. Знаете дека поглавијата 23 и 24 се воведени за време на преговорите со Хрватска, тоа се поглавија што први се отвораат и последни се затвораат.

НОВА: Дали Србија навистина ќе влезе во ЕУ во 2025 година?

Шуица:
Јас не би лицитирала со датуми иако Комисијата тоа го направи за Србија и Црна Гора. Тој датум е даден со обид да се разбуди оптимизмот. Затоа е спомената 2025 година. Тоа може да се случи и пред 2025 година а и после. Неодмна ја слушнав изјавата на г-ѓа Могерини, кога се споменуваше пакет на три пати по две држави, таа тоа некако го испрати па рече дека сите држави би можеле заедно да влезат во ЕУ во 2025 година доколку ги исполнат критериумите. Оттука, никој не им брани на Косово или БиХ да стасаат до тој степен на преговори и да почнат со побрзо исполнување на критериумите. Не сакам да споменувам датуми затоа што се сеќавам дека Хрватска, во 2008 година и 2009 година требаше да влезе па на крајот тоа беше 2013 година. Преговаравме 8 години и од моето емпириско искуство со Хрватска не се осмелувам да кажам дека 2025 година е влез на Србија и Црна Гора.

НОВА: Дали е точно дека овде во ЕУ се поправила сликата за Македонија откако на власт дојде партијата на Зоран Заев?

Шуица:

Знаете дека јас и припаѓам на Европската народна партија и дека ВМРО-ДПМНЕ е дел од нашето семејство. Но, факт што не смее да се негира е дека откако дојде владата на Заев работите во Македонија се подинамични. Се преговара за името, г-динот Хан ветува дека до 1 јули прашањето за името. Мене ми е апсурдно што името е пречка и за ЕУ и за НАТО. Македонија беше на извонреден пат и пред 5,6 или 7 години ги имаше исполнето критериумите и штета е што од таа причина и поради грчкото противење тие чекори беа сопрени. Со оглед на тоа што се смени името на аеродромот, на автопатот… верувам дека ќе најде оптимално име за поранешната југословенска Република Македонија односно Македонија и дека ќе се продолжи во европскиот пат. Важно е да се заокружи и членството во НАТО. Ако се погледне Јадранот – Албанија, Црна Гора, Словенија, Италија и Хрватска, целиот Јадран е заокружен со земји членки на НАТО бидејќи тоа е важно прашање за безбедноста на регионот. Но важно би било и Македонија да стане членка на овој престижен клуб и да го продолжи патот кон ЕУ.

НОВА: ЕУ земјите протераа руски дипломати а истото го направи и Македонија и објави дека протерала еден руски дипломат. Но, Македонија не е силна земја како што се членките на ЕУ. Дали е тоа добар потег?

Шуица:

Истото го направи и Хрватска. Имаме и повик на нашата претседателка за посета на Путин во Хрватска по неговата победа, но истовремено имаме и протерување на еден руски дипломат. Македонија се солидаризира со земјите од западот и Велика Британија без оглед на Брегзит. Со тоа се покажува солидарност. Некој можеби ова ќе го протолкува на два начини но ако сакаме да биде членки на тој клуб, а Македонија сака, тогаш е добро да ги препознава сигналите и да се солидаризира со ЕУ.

НОВА: Моето последно прашање е за слободата на медиумите овде во ЕУ. Видовме убиства на новинари на Малта и во Словачка. Како да се спречи ова ужасно насилство против животите на новинарите. Може ли ЕУ нешто тука да направи?

Шуица:

Тоа е апсолутно е недозволиво. Насилство врз истражувачко новинарство. Така беше на Малта, така во Словачка. ЕП повеќе пати тоа го дискутираше, и претседателот Тајани и целиот Парламент и се спрема да донесе резолуција. Резолуцијата не е доволна. Треба да се делува таму каде што тоа се случува. Во Словачка веќе има последици, премиерот и министерот дадоа оставки и веќе има нов премиер и се надевам дека во таа насока нешто ќе се направи. На Малта потешко оди. Во секој случај тоа е недозволиво, на просторот на ЕУ. Ние зборуваме за медиумски слободи во земјите кандидати а истовремено тоа го имаме во срцето на Унијата, на југот и во средна Европа. ЕУ и ЕП ќе направат се за да се истражат тие случаи и такво нешто повеќе никогаш да не се случи. Што е Унијата? Место на слобода, на демократија и владеење на правото.

НОВА: Ви благодарам.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

 

Балкан прес Босна и Херцеговина Далиборка Шуица Европски парламент Македонија Русија слобода на медиуми Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.