Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шумахер сеуште во кома – снимка од камерата на неговата кацига

0
By Нова ТВ on January 8, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 8, 2014 12:44


Михаел Шумахер е во кома веќе десет дена по тешкиот пад на скијање во Франција. Лекарите и понатаму неговата состојба ја опишуваат како критична, но велат – стабилна. Сепак сеуште не се знае кога ќе можат да го разбудат од индуцирана кома.

Францускиот јавен обвинител и полициските инспектори утрово излегоа пред новинарите во Албервил со нови детали за несреќата.

Шумахер настрада три дена пред Нова година на скијање кога му помогнал на пријател кој бил во неволја, по што се изгубил на опасниот дел од стазата, а според наводите возел пребрзо и невнимателно. Полицијата ги истражува околностите за несреќата а за тоа им помага и снимката од камерата на кацигата на славниот Формула 1 шофер.

„Помеѓу лекарите постои конфузија за повредата на главата. Водејќи се по неа, тешко е да се прецизира брзината. За тоа ќе разговараме со стручните лица, но за истрагата не е важно воопшто со која брзина се движел“, изјави Патрик Квинси, францускиот јавен обвинител.

Тој и инспекторите додале дека стазата била означена според прописите, а скиите на Шумахер биле во добра состојба и не се причина за несреќата.

Наводно постои и друга снимка од мобилен на еден германски турист. Според пишувањата на „Дер Шпигл“, Германецот од Есен, ја снимал својата сопруга кога случајно „го фатил“ моментот кога паднал Шумахер. Според наводите, тој скијал со брзина од околу 20 километри на час.

Шумахер тешко се повреди удирајќи во карпа која се наоѓа во еден вид на „остров“ меѓу две скијачки патеки, едната црвена, друга сина, (означени се според нивната тежина) на десетина метри од нивното обележување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.