Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Швајцарија, Белгија и Австрија донесоа нови правила за влез во земјата

0
By НОВА ТВ on September 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина (Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување на негативен тест (PCR или Antigen), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица, информираат од Министерството за надворешни работи.

Доколку лицето ги исполнува услови за влез во Швајцарската Конфедерација, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија, или поточно на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula 

Белгиската Влада воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од црвените зони меѓу кои е и Северна Македонија.Поради зголемениот број на нови „Ковид-19” пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од црвената зона. Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест,по пристигнувањето во Белгија од црвената зона,мора да поминат 10дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.

Кога влегувате во Австрија, мора да обезбедите еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележана KОВИД-19, што преставува единствен начин да се избегне карантин (самоизолација) 10 дена, која може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележанаKОВИД-19. За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 дена, но не повеќе од 360 дена ) пред пристигнувањето.

Австрија Белгија Швајцарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.