Најмалку 30 лица се повредени во судар на два воза во швајцарското место Адермат, соопшти полицијата.
Сударот се случил на железничката станица во Адермат, во кантонот Ури.
Според соопштението од железничката компанија Матерхорн Готард Бан причина за сударот е неисправност на воз, но локалните мдиуми сепак истакнуваат дека полицијата детално води истрага.
Полицијата за сега не наведе колку од патниците се здобиле со сериозни повреди, но лекарските екипи се на самото место за да пружат помош на повредените.