Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шведска алармира: Откривме четврта дупка на гасоводот „Северен тек“

0
By Sashko on September 29, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 29, 2022 09:32

Шведска откри четврта дупка од која истекува гас на гасоводите „Северен тек“, соопшти крајбрежната стража.

„Две од четирите оштетувања се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Шведска“, изјави портпаролката на крајбрежната стража за весникот „Свенска Дагбладет“.

Останатите две оштетувања се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Данска, пренесува Танјуг, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Истекувањето на гас од системите „Северен тек“ во шведските и во данските води во Балтичкото Море беа откриени во понеделникот, а Европската Унија (ЕУ) и НАТО изразија уверување дека инцидентите се резултат на саботажа.

Истекувањето загадува колку третина што загадува третина Данска    

Европската Унија вети „силен“ одговор на секое намерно прекинување на нејзината инфраструктура.

„И покрај стравувањата на американските сојузници дека оштетувањата се намерно предизвикани, САД веруваат оти е прерано за заклучок дека станува збор за саботажа“, изјави висок американски воен претставник кој не сакаше да биде именуван.

„Многу наши партнери, како што ми се чини, заклучија или веруваат дека во прашање е саботажа. Јас сè уште не сум во позиција да кажам дали е така или не е“, додаде тој.

Запрашан дали може да се исклучи било каква вмешаност на САД во истекувањето на гасот, воениот претставник одговори дека „САД апсолутни не се вклучени во тоа“.

Истекувањето од гасоводот „Северен тек“, кој испумпува огромни количини на природен гас по дното на Балтичкото Море, би можело да емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на гас на стаклената градина во Данска, предупреди шефот на данската Агенција за енергетика, Кристофер Ботсав.

Регистрирани експлозии во морето

Данската емисија на јаглерод диоксид во 2020 година се смета дека била 45 милиони тони, пренесува Бета, повикувајќи се на „Асошиејтед прес“.

„Се додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, рече Ботсав, кој притоа не кажа кога ќе може да се организира нуркање за да се види во каква состојба се цевките кои се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и обложени со бетон.

Гасоводот лежи релативно плитко на морското дно, на длабочина од 70 до 90 метри од каде плинот избива на површина на Балтичкото Море.

Сеизмолози во вторникот рекоа дека се регистрирани експлозии во Балтичкото Море и оти потоа било откриено необично истекување од двата подморски гасовода.

Сомнежите се дека станува збор за саботажа, а дел од европските официјални лица и експерти за енергетика велат дека Русија е веројатно виновна, бидејќи има директна корист од повисоките цени на енергијата и од економската загриженост на Европа.

Официјална Москва го демантира тоа.

Извор: balkans.aljazeera.net 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.