Шведска и Финска во вторник ќе го потпишат протоколот за влез во НАТО, со што и формално ќе се придружат на Алијансата, изјави генералниот секретар на Северноатлантскиот сојуз, Јенс Столтенберг на денешната прес-конференција во Мадрид.

„Се договоривме да ги повикаме Шведска и Финска да се придружат на нашиот сојузот и се договоривме за долгорочна поддршка за Украина“, рече Столтенберг.

По потпишувањето, протоколот треба да биде ратификуван во парламентите на сите 30 земји членки за да се овозможи на двете скандинавски држави да станат дел од НАТО.