Published: Thursday, October 30, 2014 11:59
Шведска официјално ја призна државата Палестина со што стана прва поголема европска земја која го стори тоа. Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави одлуката.
– Претседателот Абас ја поздрави одлуката на Шведска, оценувајќи ја како смела и историска, изјави неговиот портпарол Набил Абу Рудеин.
Шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстром оценува дека тоа е важен чекор што го потврдува правото на палестинците за самоопределување.
Израел неодамна оцени дека признанието од Шведска ќе ги поткопа напорите за изнаоѓање мирно решение на Блискиот Исток.
Пред две недели британскиот парламент се изјасни за признавање на Палестина, но таа одлука не е обврзувачка за британската влада.




