Published: Monday, November 7, 2016 11:06
Шведското обвинителство соопшти денеска дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе биде сослушан на 14. Ноември во амбасадата на Еквадор во Лондон, со што же се заврши долгиот сипломатски застој.
Асанж од 2012. година живее во Амбасадата каде побара азил.
– Еквадор го прифати барањето на шведските власти да помогне во истрагата, поради што еквадорски обвинител же го сослуша Асанж, се вели во соопштението од шведското обвинителство.
На помошниците на главниот шведски обвинител и на шведски полициски инспектор им е дозволено да присуствуваат на испрашувањето, по што за тоа же ги известат шведските власти.
Шведска сака да го сослуша Асанж во врска со обвинувањата дека во 2010. година силувал жена во Шведска, што основачот на Викиликс го негира.




