Шведска наскоро може да стане првата земја во Европа што ќе забрани употреба на готовина и целиот систем ќе се темели на безготовинско плаќање.
Како што пишува „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на локалните медиуми, оваа одлука, шведските власти ја оправдуваат со две причини- едната е, помалку пари во готовина значи и помалку вооружени грабежи, а помалку пари во оптек, воедно би значело и помош за државниот буџет, бидејќи на тој начин ќе има помалку затајување даноци.
Според весникот, банките во Шведска ги пријавуваат во полиција граѓаните кои користат многу готовина, под сомнение дека станува збор за „тероризам или криминал“.
Но, најголем дел од Швеѓаните стравуваат дека на ваков начин, не ќе можат целосно да располагаат со своите пари, бидејќи во време на финансиска криза, не би можеле да си ги повлечат парите од банките,односно дека ќе мора да ги потрошат или да им ги остават на располагање на банките.




