Published: Sunday, September 16, 2018 20:25
Владејачката шведска Социјалдемократска партија освои најмногу гласови на минатонеделните парламентарни избори во земјата, покажуваат официјалните резултати објавени денеска.
Социјалдемократите на актуелниот премиер Стефан Ловен освоија 28,3 отсто од гласовите, конзервативната Умерна партија 19,8 отсто, додека Шведските демократи 17,5 проценти од гласовите.
Ниту сојузот предводен од социјалдемократите, ниту опозицијата на чело со умерените, а ниту блокот на десниот центар не успеаа да го обезбедат потребното мнозинство во Парламентот.
На изборите правото на глас го остварија 87,2 отсто од гласачите на Шведска.




