Основачот на „Викиликс“ Жулијан Асанж останува во притвор, откако шведскиот Врховен суд ја отфрли неговата жалба да го поништи решението за негов притвор поради обвинението дека извршил сексуален напад.
Асанж, кон средината на април се согласи да биде испрашан во амбасадата на Еквадор во Лондон, во врска со обвиненијата за сексуален напад.
Тој во евкадорската амбасада е од јуни 2012 гоодина за да избегне екстрадиција во Шведска, поради обвинението за напад на две жени во 2010 годин, обвинение кое тој го отфрла.
Основачот на „Викиликс“ се плаши дека Британците би можеле да го испорачаат во Шведска, а тие пак во САД, каде би можело да му биде судено за издавање доверливи информации, кога пред пет години објави американски и воени дипломатски документи.




