Американската ТВ мрежа Си Ен Ен и нејзиниот водител Џејк Тејпер се извинија на гледачите поради кајронот на кој пишувало Дали Евреите се луѓе?
Тејпер изјави дека бил згрозен кога го видел прашањето во текот на неговата емисија.
Навредливиот кајрон на кој пишувало “основачот на групата на алтернативната десница го поставува прашањето дали Евреите се луѓе“, кој му се припишува на американскиот националист Ричард Спенсер се појавил во текот на емисјата во која учесниците разговарале за тоа дали Донакд Трамп треба да ги осуди ваквите изјави.
Си Ен Ен веднаш објави соопштение во кое наведе дека натписот бил „лоша проценкa“ и дека жалат поради тоа.
Еден од новинарите кој учествувал во програмата, Мет Вејзер од „Бостон глоуб“ изјави дека по инцидентот бил бомбардиран со пораки кои луѓето го нарекуват нацист, бидејќи кајронот с епојавил над неговата слика.




