Репортерката на американската ТВ мрежа Елис Лабот е суспендирана од работа на две недели, откако јавно ја критикуваше одлуката на Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес за суспендирање на програмата за прифаќање на сириските бегалци во САД.
„Претставничкиот дом донесе одлука со која се ограничува влезот на сириските бегалци. Статуата на слободата ја наведна главата од тага“, напиша Лабот на Твитер, доцна синоќа.
Претседателота на светскиот сервис на Си Ен ен Џеф Закер изјави дека целта на тв каналот е да ја задржи балансираноста во известувањето, а не пристрасноста.
– Доколку јавно ги изразувате своите ставови по прашања или пак во корист на кандидат од едната или од другата страна за прашања од јавен интерес за кои Си ен не известува, тогаш ваата способност објективно да гледате на нештата е компромитирана, изјави тој.
Неколку часа подоцна, Лабот се извини.
– Моја грешка беше што критикував. Мојот твит беше несоодветен и неучтив. Искрено се извинувам, напиша таа на Твитер.
Американскиот претседател Барак Обама рече дека ќе стави вето на законот.




