Европската унија ја потценува опасноста од масовната миграција во која се вклучени милиони бегалци, вели министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сиарто.
Тој побара договор на Унијата со Турција, Либан, Јордан и Ирак за и таму да се прифатат огромен број на бегалци.
– Доколку ЕУ го загуби својот кредибилитет, нејзините граници ќе бидат преплавени со милиони нови бегалци, изјави Сиарто, по состанокот на министрите за надворешни работи.
Сиарто смета дека Турција има клучна улога во овој процес и во интерес на Европа е да се забрза визната либерализација и да отвори ново поглавје во преговорите со Турција за членство во Унијата.
Според Сиарто, доколку соработката помеѓу Унгарија и Чешка, Полска и Словачка за заштита на унгарската граница беше успешна, тогаш “никој не ќе можел да се противи“ за да се заштити границата на Грција.




