Published: Tuesday, September 19, 2017 21:36
Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на Мексико, соопшти Американскиот геофизчки институт.
Мексиканската сеизмолошка агенција претходно информира дека потресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтер, додека некои американски медиуми јавија за интензитет од 7,4 степени.
Епицентарот на потресот бил во источно од местото Пуебла, на околу 65 километри југоисточно од мексиканскиот главен град Мексико Сити.
Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.
Мексиканските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, каде голем број жители во паника ги напуштале своите домови и работни простории.




