Силен земјотрес со магнитуда од 8 степени по Рихтер го погоди северниот дел на јужноамериканската држава Перу.

Епицентарот на земјотресот бил на 85 километри југоисточно од градот Лагунас, на длабочина од 105 километри. Засега нема податоци за повредени и жртви.

Иако е силен интензитет потресот бил во голема длабочина, поради што неговите ефекти врз објектите на површината на земјата се послаби.