Published: Friday, December 30, 2016 10:47
Земјотрес со јачина од 6.2 степени според Рихтеровата скала го потресе утрово источниот дел на Индонезија, но засега службите велат нема опасност од цунами. Се уште нема ниту информации за повредени или загинати.
Земјотресот е регистриран 300 километри источно од островот Бали, близу островот Сумбава. Како што известуваат светските агенции, според жителите, земјотресот траел прилично долго.
Во 2004 година, по цунами предизвикано од силен земјотрес, загинаа 230.000 луѓе во 12 земји, а најмногу во индонезиската провинција Аѓе.




