Петмина загинати, неколку изченати во силниот земјотрес со јачина од осум степени според Рихтер, кој ја погоди областа источно од Соломонските острови во Тихиот океан.

Според првичните информации земјотресот срамнил со земја три села предизвикувајќи послабо цунами.

Власите издадоа предупредување за цунами, но земјотресот засега предизвикал само помал бран околу еден метар, пренесува АПФ.

Пацифичкиот центар за цунами ја укина узбуната од два часа по земјотресот чиј епицентар беше кој островот Санта круз.

После првиот следеле уште два потреса со јачина од 6.4 и 6.6 степени според Рихтер.