Published: Tuesday, June 9, 2015 09:59
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер ја погоди утрово Грција, соопшти американскиот Геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот бил на 83 километри северно од Атина, во заливот Северна Евиа, во морското подрачје помеѓу островот Евиа и копнениот дел на Грција, на длабочина од 5,8 километри.
Земјотресот се случил во раните утрински часови а потресите кои траеле неколку секунди ги натерале жителите на Атина да излезат на улиците. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Во јануари 2014 година неколку илјади луѓе останаа без домови на островот Кефалонија, кога островот го погоди земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала.




