Published: Sunday, January 20, 2019 10:58
Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица загинаа од срцев удар, пренесе АФП.
Епицентарот бил на 15 километри одалеченост југозападно од градот Кокимба.
Повозрасни маж и жена доживеале срцев удар поради потресот, соопштила полицијата.
Илјадници домаќинства се без струја, а жителите на Кокимба се евакуирани на повисоки подрачја, иако надлежните ја отфрлија можноста за цунами.
Чиле е една од земјите во светот која е најизложена на земјотреси. Во 1960 година беше забележан најсилниот Валдивиа потрес во историјата, со јачина од 9,5 степени.




