Published: Tuesday, February 6, 2018 18:36
Земјотрес со магнитуда од 6.4 урна згради во тајванскиот град Хуалиен. Земјотресот по локално време се случил на 10 минути пред полноќ, на 20 километри од источниот брег.
Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат огромна штета на зградите и патиштата.
Службите за итна помош работат на спасување на луѓето кои се заробени во хотел кој делумно е срушен.
Островот на Тајван е положен помеѓу две тектонски плочи поради што е редовно погодуван одземјотреси.
Се уште нема информација за човечки жртви.





