Published: Thursday, August 8, 2019 15:09
Земјотрес со интензитет од 6,5 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска југозападниот турски округ Денизли. Според локални медиуми, од земјотресот урнати се објекти во кои имало луѓе.
Спасувачки тимови презеле операции при што успеале да извадат од урнатините неколку лица кои се хоспитализирани, јави НТВ.
Епицентарот на земјотресот што се случи во попладнево бил во реонот на градот Бозкурт. Потресот бил на длаобочина од седум километри. Засега нема информации за загинати луѓе. Земјотрес беше регистриран денеска во округот Измир со интензитет од 4,8 по Рихтер.




