Украинскиот град Миколаев утрово беше потресен од силни експлозии, соопшти градоначалникот Олександар Сенкевич.

„Во градот има силни експлозии. Останете во засолништата“, напиша Сенкевич на Телеграм.

Пред воздушните удари во областа Миколаев, кој се граничи со пристаништниот град Одеса, се огласија сирените за опасност од воздух, наведува „Ројтерс“ и додава дека сè уште не се познати причините за експлозиите, како и неможноста за независна проверка на вистинитоста на извештајот.