Силно невреме вчера го погоди шпанскиот регион Валенсија, претворајќи ги улиците во реки и покривајќи ги автомобилите со слоеви град.
Шпанскиот град беше погоден од необична комбинација од дожд и град што пристигна со циклонска суперќелија, предизвикувајќи поплавување на патиштата низ градот.
Освен Валенсија, погодени се и други градови низ регионот. Надојдени реки течат низ улиците, а сообраќајот е прекинат на многу места.