ЛШ: Баерн М. на рутина во Атина, Валенсија „искуба“ бод во Швајцарија

Баварците се мачеа еден час, но завршија работа во само две минути за триумф над АЕК со 2:0, Јанг Бојс ремизира со шпанскиот ривал (1:1) иако Швајцарците, според играта во второто полувреме, ги заслужија трите бода

Кус престој во Шпанија: Чезаре Прандели поднесе оставка во Валенсија

Повлекувањето на италијанскиот тренер доаѓа по три месеци од преземање на клубот од „Месталја“ кој има само три победи во 15 одиграни средби во Примера во оваа сезона и се наоѓа во зоната за испаѓање