Силно невреме со обилни врнежи во вторник го зафати хрватското крајбрежје, при што најмногу беа погодени Дубровник и островот Хвар.
На Хвар поплавени се куќи и пристаништа.
До 22 часот хрватските пожрникари 15 пати испумпуваа подруми, апартмани, угостителски и трговски објекти, а падна и ѕидот на хотелот „Амфора“, пренесоа хрватските медиуми.
Како што наведува, невремето нафрли големи количини камења на патиштата, поради што итните служби имале многу работа.
Најмногу дожд падна во периодот меѓу 17 и 20 часот, кога паднаа стотина литри дожд по квадратен метар.
Вчера наутро, силни дождови го погодија Дубровник кои што предизвикаа поплави и проблеми во поморскиот сообраќај.
За три часа наврнале 259 литри дожд на метар квадратен. Според медиумите , толкаво количество дожд во Дубровник не наврнале во еден ден од 1961 година.




