Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симон Трпчески ќе ја отвори новата концертна сезона на Филхармонија

0
By НОВА ТВ Balaban on October 4, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 4, 2021 13:15

Концертот што ќе ја отвори новата сезона содржи програма со две дела од Франц Лист, диригент е Габриел Бебешелеа, а како солист настапува исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески.

Новата концертна сезона на Филхармонија, насловена „Филхармонија во движење“ започнува в четврток со концертот „Данте 700“.

– Насловот на новата концертна сезона алудира на фактот дека во екот на најголемата пандемија нашата институција не ги затвори портите за својата публика, туку продолжи да се „движи“ и да ја реализира својата програма, изјави Тина Иванова, в.д. директорка на Филхармонија, на денешната прес-конференција по повод  новата сезона.

Концертот што ќе ја отвори новата сезона содржи програма со две дела од Франц Лист, диригент е Габриел Бебешелеа, а како солист настапува исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески.

Маестро Бебешелеа изјави дека му претставува задоволство што е заедно на сцена со Трпчевски и оти настапувале секаде низ светот, но ова ќе биде прв заеднички настап во Северна Македонија.

– Моите концерти оваа сезона во Филхармонија се на некаков начин врзани со времето, како тоа се отсликува на позитивен и на негативен начин. Таков ќе биде и проектот насловен „Време“ со кој ќе ја затвориме оваа концертна сезона, додаде Бебешелеа, кој истовремено е и шеф-диригент на Филхармонија.

Симон Трпчески вели дека е пресреќен што ќе настапи заедно со маестро Бебешелеа и оркестарот на Филхармонија.

– Програмата на концертот „Данте“ е целосно изградена на опусот на Лист, неговиот Концерт бр. 2 е исклучителен како и целокупниот негов опус, има многу иновации во формата и во начинот на кој го претставува пијаното, истакна Трпчески.

Директорката Иванова најави дека во новата концертна сезона ќе настапат исклучителни солисти како Тимоти Рајдаут (виола, Англија), Јеил Еум Сон (пијано, Ј. Кореја), Марија Солозлобова (виолина, Русија), Андреи Коробејников (пијано, Русија), Елишија Силверштајн (виолина, САД), Сајака Соџи (виолина Јапонија), кваретот „Баланеску“ … Со оркестарот ќе диригираат Паскал Галоа, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Урош Лајовиц, Михал Нестерович и др. Освен солистите кои доаѓаат од различни краишта на светот, ќе настапат и домашни уметници – Анна Кондратенко, Ева Богоевска, Маја Чаначевиќ, Паскал Краповски.

На програмата, освен „железните“ класици на симфонизмот, Иванова најави дека има и дела од модерни и современи автори кои првпат ќе прозвучат во Филхармонија, како антологиското дело „Музика за 18 музичари“ од американскиот композитор Стив Рајх кое премиерно ќе биде изведено на 14 октомври.

Директорката на Филхармонија најави и нова веб-страница со модерен и автентичен дизајн, богата со различни содржини врзани со работата на институцијата.

– На страната освен основните информации за настаните и тековните содржини, ќе може да се слуша и симнува музика во изведба на Филхармонија, како и да се преземе електронска верзија на Филхармонискиот весник кој го издава институцијата. На неа ќе можат да се најдат различен тип на корисни информации врзани за сите активности на Филхармонија, додаде таа.

Симон Трпчески Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.