Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симоновска: Никој не изнесе документи како што изнесе таа

0
By Zoran Ivanov on June 4, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 4, 2025 10:22

Ако во Кочани некој навреме зборуваше така како што сега зборува Арсовска за Чаир, можеби немаше да дојде до трагедија од такви размери.

Мирослава Симоновска

Веќе неколку дена градоначалничката Данела Арсовска јавно тврди дека има сознанија за криминал во скопската општина Чаир, а од никаде не пристигна демант туку пристигнуваат контраобвинувања и одговор дека има дивоградби и во други општини. Никој не изнесе документи како што изнесе таа, и да каже еве документи дека сѐ е легално и исправно, а градоначалничката лаже.

Арсовска го кажува тоа што некогаш некој требало да го каже за Кочани. За небезбедната дискотека, за нелегалниот бизнис со дискотеката, за блискоста на полицијата со газдата, за присуството на малолетници на забавите, за мижењето на градоначалниците, за спрегите на органите со криминалот. Ако сме согласни дека ужасот во Кочани се случи поради молк и нефункционирање на институциите, зошто по таквото мрачно искуство сега има таква рамнодушност кон она што го кажува Арсовска?

Ако во Кочани некој навреме зборуваше така како што сега зборува Арсовска за Чаир, можеби немаше да дојде до трагедија од такви размери.

Или можеби и во Кочани сите молчеле бидејќи се плашеле дека ќе им кажат дека и во другите градови се такви дискотеките и дека тоа го зборуваат за да и наштетат на власта. Заклучокот е дека и покрај сите ветувања дадени по фаталниот пожар во Кочани дека ќе има промена на системот, тој остана ист.

И понатаму цвета нелегалниот бизнис, орото го водат политичко-криминалните спреги, има селективност во гонењето на злоупотребите, а и понатаму има и недопирливи. Да не беше така, градоначалникот на Чаир досега ќе беше повикан на распит.

Луѓето што го истоварија отпадот пред влезот на градската управа Скопје беа снимени со камери, снимката беше пуштена на телевизија и на социјалните мрежи, градоначалникот Висар Ганиу ги предводеше и беше со нив, а никој не доби кривична пријава.

Немаше ниту еден ред соопштение од МВР кое е задолжено за јавната безбедност и редот и мирот во државата.

Извор: Фејсбук ѕидот на авторката

 

Данела дивиградби мирослава симоновска нема реакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.